Кит Харингтон и Роуз Лесли се верија. Ѕвездите од „Game of Thrones“ наскоро ќе ја крунисаат својата љубов со брак.
Актерите, кои имаа романса и на телевизиските екрани како ликовите Џон Сноу и Игрит во популарната серија, започнаа врска во 2012 година, но една година подоцна се разделија. Парот ја обнови врската кон крајот на 2015 година.
Неодамна Харингтон споделил зошто Ирска му е омилена земја. „Бидејќи земјата е прекрасна, северните светла се магични и бидејќи таму се заљубив. Ако веќе те привлекува некоја личност, а потоа глуми твој партнер во шоуто, станува многу лесно да се заљубиш“ – изјвил Кит, додавајќи дека тоа му се омилените моменти од снимањето.
Веста за свршувачката беше објавена во британскиот весник „The Times“.