Кит Харингтон и Роуз Лесли беа фотографирани на прошетка со малото синче.
36-годишните ѕвезди од „Game of Thrones“ се релаксираа во Лондон неколку дена откако споделија дека ќе добијат уште едно дете. Тие беа облечени во кежуал комбинации, а Кит го носеше малото детенце на рамената.
Во саботата, за време на гостувањето во емисијата на Џими Фелон „The Tonight Show“, актерот познат по улогата на Џон Сноу, ја сподели среќната вест дека семејството му се проширува.
Кит и Роуз се заедно од 2011 година, а стапија во брак на 23 јуни 2018 година.
Минатиот месец парот беше фотографиран за време на Париската недела на високата мода.