Џесика Алба е еден од најверните поддржувачи на Baby2Baby, па не ја пропушти и најновата хуманитарна гала на организацијата.
40-годишната актерка зачекори на свеченоста во црна креација со исечок, а беше придружувана од нејзиниот сопруг Кеш Ворен.
Настанот се одржа во Вест Холивуд, Калифорнија.
Baby2Baby им обезбедува на сиромашни семејства производи за лична хигиена и облека за деца до 12 години.