Хевен Гарнер Ворен – така се вика втората ќеркичка на Џесика Алба, која се роди во саботата.
„Со Кеш сме многу возбудени што ќе го објавиме раѓањето на нашата ќерка, Хевен Гарнер Ворен. Се роди во саботата, тежеше 3,1 килограми и беше долга 48 сантиметри. Здрава и среќна! Големата сестра Хонор не може да биде повозбудена поради новото дополнување на нашето семејство. Благодарам за целата ваша поддршка во текот на бременоста. Многу ми значи“ – објави Џесика на Facebook.
30-годишната актерка ја објави веста за бременоста во февруари. Таа и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се родители и на тригодишната Хонор.