Џесика Алба ја продолжи тропската авантура под карипското сонце. Атрактивната актерка беше фотографирана на егзотична плажа додека се забавуваше со своите ќерки и сопругот Кеш Ворен.
На фотографиите 33-годишната ѕвезда се подготвува за нуркање и мајчински ги бакнува 6-годишната Хонор и 3-годишната Хевен.



















Пред да се препушти на уживањето, Алба активно ја промовираше својата компанија за еко производи на неколку конференции и споделуваше совети за градење на успешен бизнис.