Џесика Алба максимално ужива додека сè уште трае летото. 32-годишната убавица го помина викендот со своето семејство на плажа во Малибу.


Привлечната актерка го покажа своето тонирано тело во сини бикини додека се забавуваше со сопругот Кеш Ворен и малите ќерки, Хонор и Хевен.







Среќното семејство се појави и на забава организирана од Сем Ронсон, која подоцна објави слатка фотографија од гостите.

Вчера Џесика и Кеш присуствуваа на отворањето на бутик на Hermes во Калифорнија.

