Џесика Алба заведуваше на хуманитарната гала на Baby2Baby, која како верна поддржувачка никогаш не ја пропушта.
На зелениот тепих во Лос Анџелес, 43-годишната актерка изгледаше занесно убаво во креација во праска нијанса со металик детали од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад и накит од Tiffany & Co. Таа позираше со сопругот Кеш Ворен кој беше облечен во класичен црн костум.
Повеќе од 60 славни личности беа дел од галата на која се собираат средства со кои на сиромашни семејства им се обезбедуваат основни работи за живеење, како производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.