Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез сними секси фотосесија и за првпат зборуваше за разводот од Бен Афлек

Џенифер Лопез сними секси фотосесија и за првпат зборуваше за разводот од Бен Афлек

Џенифер Лопез е ѕвездата која го краси најновото издание на „Interview“.

55-годишната пејачка сними секси фотосесија и во интервјуто за списанието за првпат зборуваше за разводот од Бен Афлек.

Музичката ѕвезда мами погледи во бикини и креации со животински принтови.

Џенифер Лопез

Лопез вели дека не се кае за обновувањето на врската со Бен и за болката која ја чувствуваше по нивниот развод.

„Не се каам ни за секунда. Но, тоа не значи дека за малку не ме скрши. За малку ќе се случеше тоа. Но сега, кога сум на другата страна си помислувам ‘Токму тоа ми требаше. Ти благодарам Боже. Жал ми е што ми требаше толку долго. Жал ми е што мораше да ми го направиш ова толку многу пати. Требаше да го научам пред два-три пати. Сфаќам сега. Мораше навистина силно да ме удриш во главата со чекан. Фрли цела куќа на мене. Не мора повторно да го правиш тоа’“ – признала таа.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Џеј Ло откри и дека во моментов не бара друг партнер. „Немам поставено нов стандард за мажите, бидејќи не барам никого“ – рекла таа. „Можам да бидам радосна и среќна самата со себе. Љубовната врска не ме дефинира. Не можам да барам среќа во другите луѓе. Морам да пронајдам среќа во себеси“ – дополнува успешната пејачка и актерка.

„Дури и во тешките моменти, јас само одам напред. Како што велат во ‘Finding Nemo’: ‘Продолжи да пливаш’“ – изјавила Лопез.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.