Џенифер Лопез поднесе документи за развод од Бен Афлек минатиот месец.
Сега, поранешната брачна двојка беше повторно обединета. 55-годишната музичарка и 52-годишниот актер беа фотографирани додека се упатуваа на бранч со децата во Беверли Хилс. Наводно, тие биле видени како се бакнуваат и се држат за раце.
Заедно со нив беа 15-годишната Серафина, 12-годишниот Семјуел и 16-годишните близнаци Макс и Еми.
„Бен и Џеј Ло моментално се во Polo Lounge во хотелот Беверли Хилс се држат за раце и се бакнуваат. Децата се со нив, но се на различна маса“ – рекол изворот на Page Six.
Наводно, тие имале и напнат разговор во автомобилот пред хотелот.
Во документите за развод стои дека парот се разделил на 26 август. Со нив, Џенифер си го врати старото презиме и сега повторно е Џенифер Лин Лопез.