Џенифер Лопез ги засени сите присутни на премиерата на филмот „Wicked“ во Лос Анџелес.
На филмскиот настан, 55-годишната актерка и пејачка ја истакна својата фит фигура во гламурозна креација со разголен грб.
Фустанот со бохо елементи доаѓа од ателјето на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а Лопез го искомбинира со накит од индискиот дизајнер Сабјасачи Мукерџи.