Џенифер Лопез мамеше погледи на премиера во рамките на „Sundance Film Festival“ во Јута.
На прикажувањето на филмот „Kiss of the Spider Woman“, 55-годишната актерка и пејачка зачекори во впечатлива креација со пајакова мрежа која одлично ги истакна нејзините препознатливи облини.
Фустанот на Џеј Ло доаѓа од ателјето на косовскиот дизајнер Валдрин Сахити.
Лопез ја има главната женска улога во филмот.
Атрактивната музичка ѕвезда беше фотографирана и додека се упатуваше на роденденска забава во ресторан во Беверли Хилс. Таа носеше зелена креација со шлиц на средина.