Џенифер Анистон го поддржа својот сопруг Џастин Теру на премиерата на неговиот најнов филм „Zoolander 2“. На филмскиот настан во Њујорк познатите актери привлекуваа внимание во елегантно издание.
46-годишната ѕвезда од серијата „Friends“ зачекори на виолетовиот тепих во бордо креација од колекцијата есен 2014 на Галван. Минималистичкот фустан Анистон го искомбинира со сандали од Џузепе Ѕаноти и чантичка од Џудит Либер.
Џенифер и Џастин ја објавија својата свршувачка во август 2012 година, а стапија во брак во август минатата година.