Џенифер Анистон вчера беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните.
„Тоа беше еден од моите најлуди соништа. Никогаш не ни мислев дека ќе бидам тука“ – рече Анистон, присвојувајќи ја 2.462-рата ѕвезда.
Во публиката за поддршка беше нејзиното момче Џастин, кој се гордееше заедно со таткото на Џен, Џон Анистон.
Џенифер засега е единствена од популарните актери од „Пријатели“ која добива ѕвезда во Холивуд.