Џастин Бибер отпатува во Мумбај, Индија, за да настапи на претсвадбената прослава на Анант Амбани и Радика Мерчант.
28-годишниот син на најбогатиот човек од Индија и неговата сакана ќе стапат во брак кон средината на месецов, а по тој повод организираа повеќе забави. Според информации на странските медиуми, Бибер добил 10 милиони за да им пее на гостите на идните младенци и нивните гости, сума која што е далеку повисока од онаа што тој ја наплаќа за да настапи на приватни настани.
30-годишниот пејач објави видеа и фотографии од настанот.
Тој ги отпеа своите хитови, меѓу кои и „Baby“, „Love Yourself“ и „Peaches“ за време на приватниот концерт.
Веднаш по забавата, Бибер се врати во Америка за да биде покрај својата сопруга Хејли, која е бремена со нивното прво дете.
Анант е син на Мукеш Амбани, кој, според Forbes, е најбогатиот човек во Азија со богатство од 123,4 милијарди долари.