Питер Билингсли повторно влезе во улогата на Ралфи во продолжението на божиќниот филмски хит „A Christmas Story“.
„Животот се движи брзо“ – е првата реплика на Ралфи во трејлерот за филмот „A Christmas Story Christmas“, во кој тој е возрасен маж и татко на две деца. Враќајќи се во Кливленд за да го помине Божиќ со семејството, повторно се сретнува и дружи со другарите од детството со кои правеа неверојатни лудории, а се потсетува и на покојниот татко.
Низ трејлерот се слуша познатата песна „It’s The Most Wonderful Time Of The Year“ на Енди Вилијамс која во себе носи цела божиќна празнична уникатност.
Филмот „A Christmas Story“ првпат беше прикажан во 1983 во режија на Боб Кларк. Главните улоги ги играа: Питер Билингсли, Мелинда Дилон и Дарен МекГавин.
Продолжението „A Christmas Story Christmas“ е во режија на Клеј Кејтис. Сопруга на Ралфи е Сенди (Ерин Хејс), Зак Ворд повторно го игра Скат Фаркус, Скот Шварц е возрасниот Флик, Р. Д. Роб е Шварц, а Иан Петрила повторно му е брат на Ралфи. Според трејлерот, публиката ја очекува интересна семејна филмска авантура.
Премиерата е најавена за 17 ноември.
Потесетете се на првиот филм „A Christmas Story“ од 1983 година: