Џенифер Лопез и Алекс Родригез зачекорија за првпат на свечен настан заедно како пар. 47-годишната пејачка и 41-годишниот спортист изгледаа елегантно и среќно додека со насмевки позираа пред бројните фоторепортери на балот МЕТ.
Музичката ѕвезда шармираше во син фустан од Валентино, обувки од Џузепе Ѕаноти, накит од Хери Винстон и чантичка од Џудит Либер, додека нејзината нова љубов носеше класичен црн костум и црна машна.