Јелена Розга беше меѓу гостите на промоцијата на новиот албум на Саша Матиќ, „Dva života“, во Загреб.
Со оглед на тоа што првиот сингл од албумот на српскиот пејач е токму нивниот заеднички дует „Ti i Ja“ (Јас и ти), очекувано Розга му изрази силна поддршка.
Пред фоторепортерите, 44-годишната хрватска пејачка позираше облечена во црни панталони, асиметрична бела кошула и зелена чанта, а подоцна со Саша го изведоа нивниот хит. На сцената, Розга го бакна својот пријател во образот.