Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јелена Розга: „Дерматолог ми рече дека ќе бидам поубава ако го намалам носот и ги зголемам усните“

Јелена Розга: „Дерматолог ми рече дека ќе бидам поубава ако го намалам носот и ги зголемам усните“

Јелена Розга е една од ѕвездите кои секогаш добиваат комплименти за изгледот.

46-годишната пејачка сега откри дека нема направено никакви естетски зафати и дека негува природен изглед. Хрватската музичарка разговараше со новинарите по својот концерт во Шабац и сподели зошто е тоа така.

Јелена Розга Јелена Розга

„Никогаш не сум направила естетски зафат поради мајка ми. Би ми рекла: ‘Ќерко, што си направила од себе?’ Кога почнав да пеам во ‘Магазин’ во 1996 година, започнав да се шминкам. Имав страшни алергии на очите, усните... Еден познат дерматолог од Сплит откако ми препиша лекови и масти, ѝ рече на мајка ми: ‘Убава е, но би била поубава кога би го намалила носот, би ги зголемила усните и би ги оперирала ушите’. Таа на тоа само му рече: ‘Господине, довидување’“ – рекла Розга за Blic.rs.

„Рецептот за мојот изглед е љубов, песна, публика. Само да сум здрава, здравјето е најважно“ – додала таа.

Јелена носеше кратко црно фустанче за концертот во Шабац.

Јелена Розга Јелена Розга Јелена Розга Јелена Розга Јелена Розга

Јелена сподели видео од убавата ноќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.