Кара Делавин стана првиот амбасадор на кампањата „I’m Not a Trophy“ или „Јас не сум трофеј“ која ја подигнува свеста за ловењето и убивањето на загрозени видови животни.
На фотографиите, направени од францускиот фотограф Арно Елаја, 23-годишниот модел позира без облека, со загрозени животни насликани на нејзиното тело. Целта е да се отворат очите на светската јавност за игнорираниот проблем на погубување на ретки диви животни како носорози, слонови и лавови.






„Во 1940 година живееја 450.000 лавови, денес има само 20.000“ – пишува на Instagram профилот на кампањата.

„Околу 100 слонови се убиваат дневно поради нивните коски. Деценијата која доаѓа е наша последна шанса да ги спасиме од исчезнување“ – стои на друга фотографија.
