Изминаа точно 40 години од премиерното прикажување на „Брилијантин“. Филмската екипа од еден од најромантичните филмови на сите времиња се обедини повторно за да го одбележи овој специјален ден.
Главните ѕвезди Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон, кои ги глумеа Дени и Сенди, прегрнати позираа на настанот кој се одржа во Беверли Хилс.
64-годишниот актер и 69-годишната актерка се потсетуваа на танцувачките движења од кореографијата за култниот филм.
На свеченоста присуствуваа и Диди Кон и Бери Прл, кои влегоа во улогите на Френчи и Доди.
„Брилијантин“ за првпат беше прикажан на големото платно на 16 јуни 1978 година.
Оливија во мај минатата година откри дека по вторпат се бори со рак. Имено, 25 години откако првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка, докторите откриле дека ракот се вратил и дека метастазирал во крстната коска.
И покрај здравствените проблеми, Оливија со ведра насмевка освојува каде и да се појави. „Немам повеќе болки и среќна сум што можам да работам повторно“ – изјавила таа во ноември минатата година.