Џина Роуландс го напушти овој свет.
Ѕвездата од филмот „The Notebook“ почина на 94-годишна возраст во својот дом во Калифорнија. Оваа лоша вест доаѓа само два месеци откако нејзиниот син објави дека таа има Алцхајмерова болест, истата болест која ја имаше ликот која таа го толкуваше во „The Notebook“ што многумина го нарекоа „сурова игра на судбината“.
Синот на Џина, Ник Касаветис, кој е и режисер на „The Notebook“, во јуни изјави:
„Мајка ми ја играше постарата верзија на Али и поминавме многу време во разговори за Алцхајмеровата болест и сакавме да бидеме автентични, а сега, во изминатите пет години, таа има Алцхајмер. Таа има деменција. Лудо е – го оживеавме тоа, таа го одглуми и сега го има“ – рече Ник.
Џина ќе остане запаметена и по улогите во „A Woman Under the Influence“, „Gloria“, „Another Woman“, „The Betty Ford Story“, „Six Dance Lessons in Six Weeks и многу други. Иако не доби Оскар за ниту една од своите улоги, во 2015 година беше наградена со Оскар за животно дело.