Серијата „10001 ноќ“ ја освои Македонија. Не само жените, туку и мажите не можат да останат имуни на шармантноста на главните ликови Шехерезад и Онур.
Ако сте нивни обожавател, сигурно ќе ве израдува фактот што вчера вечерта тие станаа родители на машко дете. Бебето кое било родено по природен пат и во моментот на раѓањето тежело 3,5 килограми, најверојатно ќе се вика Али.
Берѓузар Корел (Шехерезад) и Халит Ергенч (Онур) се вљубиле за време на снимањето на популарната серија „1001 ноќ“ и својата љубов ја крунисале со свадба.
Манијата за турската серија „1001 ноќ“ потсетува на времето кога Касандра ги освојуваше луѓето од сите генерации и ги држеше пред малите екрани. Сега сите се вљубени во шармантноста на актерите, патријархалното воспитување, взаемната почит на ликовите и убавините на Истанбул.