Бар Рафели се врати во одлична форма по породувањето. 31-годишната манекенка минатиот месец ѝ посака добредојде на својата ќеркичка Лив, а сега сподели фотографија на која позира само по долна облека и докажа дека изгледа одлично.
Атрактивниот модел фотографијата ја објави на својот профил на Instagram.




Бар претходно сподели и фотографија на која плива во базен и привлече многу позитивни коментари за фигурата.

Лив е првото дете на Рафаели и нејзиниот сопруг Ади Езра, кои стапија во брак во септември минатата година.
