Ханде Ерчел беше дел од специјалните гости на „Joy Awards“ во Саудиска Арабија.
На церемонијата во Ријад, 31-годишната турска актерка пленеше во гламурозна креација од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, на кого му врачи награда.
„Фустанот од Зухаир Мурад направи да се чувствувам како да носам галаксија од ѕвезди“ – напиша Ерчел.
Креацијата е дел од колекцијата висока мода на Мурад за 2015 година.
Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно лето“ и „Чукни ми на врата“.