Шанаја Твејн повторно пронајде љубов и тоа во лицето на човекот чија бивша жена го растури нејзиниот 14-годишен брак. Фредерик Тибо пред два месеци ѝ предложил брак на Шанаја со прстен со трикаратен дијамант.
Навистина звучи како шпанска серија, а еве како се случи:
Шанаја и Фредерик се зближиле откако нејзиниот сопруг, продуцентот Роберт Ленг, ја оставил за друга жена. А другата жена била Мери-Ен Тибо, тогашната жена на Фредерик.
Мери-Ен била и блиска пријателка на канадската пејачка и ја имала улогата на управител на замокот на Шанаја и Роберт во Швајцарија.
„Роберт и Мери-Ен ги оставија своите сопрузи за да бидат заедно и сè уште се заедно“ – изјавил тогаш анонимен извор за списанието People.
Шанаја Твејн беше скоро 14 години во брак со Роберт кога во мај 2008-ма година се разделија. Нивниот развод се финализира во јуни оваа година.
Оттогаш Фредерик и Шанаја поминувале доста време заедно и нивното пријателство прераснало во љубов.
И Мери-Ен и Роберт живеат сè уште заедно. Двата нови пара мора постојано да одржуваат контакт еден со друг бидејќи ги делат старателствата над своите деца. Шанаја и Роберт имаат 9-годишен син, а Мери-Ен и Фредерик 9-годишна ќерка.