Шанаја Твејн и Фредерик Тибо го кажаа судбоносното „да“ на свечена интимна церемонија во Порторико која била одржана на Нова Година.
„Тие стапија во брак на зајдисонце пред 40 од нивните најблиски пријатели и роднини“ – изјавил претставник на канадската пејачка.
Обезбедувањето на свадбата било особено силно. Дури биле забележани луѓе со оружје кои не дозволувале никој да се доближи до местото на романтичната венчавка.
Шанаја и Фредерик станале пријатели откако сопругот на Шанаја, продуцентот Роберт Ленг, ја оставил за Мери-Ен Тибо, тогашната жена на Фредерик.
Оттогаш двајцата поминувале доста време заедно и нивното пријателство прераснало во љубов. Нивната свршувачка ја објавија пред околу две недели.