Шакира и Жерар Пике имаат двоен повод за славење, бидејќи и двајцата се родени на денешен ден.
Славната музичка ѕвезда денес ќе наполни 40 години и ќе го пречекори прагот на петтата деценија од својот живот, додека успешниот фудбалер ќе дувне 30 свеќички од својата роденденска торта.
Популарните пејачка и спортист се родители на две момчиња – четиригодишниот Милан и двегодишниот Саша.
И покрај тоа што постојано кружат гласини за нивна разделба, тие покажуваат дека нивната љубов е неуништлива.
По повод нивниот денешен роденден, прошетајте со поглед низ најслатките фогорафии на славното семејство:





Шакира и Пике се запознаа на снимањето на спотот за песната „Waka Waka“, која беше химна за Светско првенство во фудбал во 2010 година, но сè уште ја немаат крунисано својата љубов со брак.

































