Холивудскиот актер Чарли Шин призна дека е виновен за напад врз неговата сопруга, но и покрај тоа не доби затворска казна.

Во спогодба со обвинителите во Аспен, Шин беше осуден на 3-месечна условна казна, 30 дена рехабилитација и 36 часа советување за домашно насилство.
Неговата сопруга, Брук Шин, го обвини 44-годишниот актер дека ѝ се заканувал со убиство и ја заплашувал со нож откако таа му кажала дека сака развод. Чарли Шин пак во своја одбрана кажал дека имале расправија, бидејќи бил вознемирен поради разводот, но не признал дека ѝ се заканувал.
По инцидентот кој се случи околу Божиќ, и Брук и Чарли посетуваа програма за рехабилитација, а сега неговиот адвокат потврди дека Шин се трезни со месеци.
Чарли Шин, кој се прослави со филмските хитови „Wall Street“ и „Hot Shots“ наскоро ќе го продолжи снимањето на новата сезона од серијата „Two and a Half Men“.