Чарли Шин доби своја замена. Според најновите информации, Ештон Кучер е актерот кој ќе продолжи да нè забавува во серијата „Two and a Half Men“.
Се смета дека CBS и Warner Bros. му ја понудиле улогата на Ештон откако пропаднале преговорите со Хју Грант.
Засега нема официјална потврда, но Ештон испратил порака на Twitter со која очигледно им потскажува на своите следбеници за големата новост. „Колку е квадратен корен од 6,25?“ – напишал тој. Одговорот: 2 ½.
Анонимни извори велат дека креаторот на серијата, Чак Лори, веќе измислил како да го „вметне“ на елегантен начин Ештон во серијата. „Навистина е смешно. Луѓето ќе го сакаат“ – изјавил Лори за The Hollywood Reporter.
Снимањето на популарната серија беше стопирано по отпуштањето на Чарли Шин, кој неколку пати на недоличен начин го напаѓаше Чак Лори во медиумите.