Почина Кончата Ферел. Актерката, која ја глумеше куќната помошничка Берта во серијата „Two and a Half Men“, издиша за последен пат на 77-годишна возраст.
Како причина за смртта се наведуваат компликации по доживеан срцев удар.
Чарли Шин, со кого глумеше во популарната серија, објави порака на својот Twitter профил за да се збогува со долгогодишната колешка.
Апсолутна душа
Комплетен професионалец
Вистински пријател
Шокантна и болна загуба.
Берта,
Твојата грижа за домот беше сомнителна,
но твојата грижа за луѓето беше совршена.
И Џон Крајер, кој го глумеше Алан Харпер, сподели порака за Кончата.
She was a beautiful human
— Jon Cryer (@MrJonCryer) October 13, 2020
Berta’s gruff exterior was an invention of the writers. Chatty’s warmth and vulnerability were her real strengths.
I’m crying for the woman I’ll miss, and the joy she brought so many. https://t.co/SucL6gFaAR
Ова лето, Кончата доживеала срцев удар, по што била поставена на респиратор.
За улогата како Берта, Кончата доби две номинации за ЕМИ наградите. Таа глумеше во популарната серија цели 12 години, од 2003 до 2015 година и по заменувањето на Чарли со Ештон Кучер.
Кончата се имаше појавено и во серии како „ER“, „Grace and Frankie“ и „Buffy the Vampire Slayer“. Таа доби филмски улоги во „Erin Brockovich“, „Edward Scissorhands“ и „Krampus“.
Ферел беше во брак со Арни Андерсон од 1986 година. Тие заедно имаат една ќерка, 38-годишната Саманта.