Ричард Гир не може без својата голема љубов. 75-годишниот актер не можеше да ги тргне рацете од саканата Алехандра Силва на Филмскиот фестивал во Цирих.
Холивудскиот романтичар ја прегрнуваше 41-годишната Силва додека бројните фоторепортери ги овековечуваа овие моменти.
На оваа вечер од Фестивалот, беше прикажан филмот „Wisdom of Happiness“, на кој Гир е извршен продуцент.
Ричард и Алехандра заедно имаат две деца.