Селин Дион ги разнежни гостите на доделувањето на Американските музички награди со емотивен настап посветен на жртвите во Париз. 47-годишната Канаѓанка ја изведе популарната француска песна „Hymne à L'Amour“, што во превод значи „Химната на љубовта“.
Дион носеше црн фустан со цветови од либанскиот дизајнер Ели Сааб.
„Чувствувавме дека е важно да ја покажеме нашата солидарност во врска со неодамнешните настани во Париз и ширум светот. Изведбата на Селин ќе ни помогне да ги изразиме нашите чувства преку песна, кога зборовите не се доволни“ – изјавил Лери Клајн, продуцентот на шоуто.
За време на нејзиниот настап, во позадина беа прикажувани фотографии од Градот на светлината.











