По 10 направени пластични операции, Хајди Монтаг реши да им го покаже на обожавателите своето ново тело на забавата на Aria Resort and Casino во Лас Вегас. 23-годишната ѕвезда на реалното шоу „The Hills“ гордо парадирала и позирала пред објективите на љубопитните новинари.
Но, дури и по сите промени на нејзиното тело, Хајди признала дека сè уште не е задоволна и дека би сакала да има поголеми гради. Во шоуто на Џеј Лено, за дополнителното зголемување на нејзините гради таа изјавила: „Законски не можам сега. Лимитот е 800 кубни сантиметри, а јас веќе имам 700“.
„Пластичната“ русокоса признала дека поради операциите не може да трча и дека многу ѝ е чудно кога прегрнува луѓе, затоа што нејзиното тело сега е многу нежно.
Минатата година Хајди Монтаг се подложи на 10 пластични операции во еден ден, само за да изгледа онака како што изгледа денес.