Хајди Клум и Том Каулиц за првпат се појавија на холивудска свеченост по споделувањето на веста за свршувачката. Парот присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси и на забавите по повод церемонијата.
На забавите на Amazon Prime Video и InStyle, 45-годишниот супермодел носеше фустан од Паоло Себастијан и гордо го покажуваше свршеничкиот прстен.














Клум и 29-годишниот музичар зачекорија заедно и на црвениот тепих во хотелот „Беверли Хилтон“ пред почетокот на престижната манифестација. За таа прилика, славната убавица избра фустан со цветови од Моник Лулие.





Хајди и Том се верија на Бадник и ја споделија веста со љубовна фотографија.