Поминаа само 15 часа откако Бијонсе ја објави фотографијата со која соопшти дека е бремена, а таа веќе го сруши рекордот за најлајкувана фотографија на Instagram.
„Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно. Многу сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за два и ви благодариме за вашите добри желби “ – напиша музичката ѕвезда на фотографијата која досега има повеќе од 7,4 милиони допаѓања.
Постот на 35-годишната пејачка го надмина бројот на допаѓања на фотографијата на Селена Гомез, која со 6,3 милиони досега важеше за најлајкувана на популарната социјална мрежа.
Бијонсе и Џеј Зи очекуваат близнаци. Тие се родители и на 5-годишната Блу Ајви.

