Серена Вилијамс наскоро ќе заплива во брачните води, па нејзините најблиски ѝ организираа опуштена моминска забава.
Заедно со 20 гости, меѓу кои мајка ѝ и сестра ѝ, Серена се релаксираше во луксузен хотел во Мајами, каде посетуваше и часови по јога и медитација.



„Имаше многу изненадувања за неа во текот на викендот. Беше навистина магичен викенд исполнет со љубов за Серена“ - изјавила една од пријателките на Вилијамс за списанието People, кое ги објави фотографиите.





Врвната тенисерка е бремена со првото дете. 35-годишната спортска ѕвезда објави дека е верена со 33-годишниот Алексис Оханијан кон крајот на минатата година.
