Џорџ Клуни брзо ја остави зад себе врската со Елизабета Каналис. Само неколку недели по нивното раскинување се појавија гласини дека згодниот актер веќе има нова љубов, но досега новата врска Џорџ ја криеше зад завесите.
На премиерата на неговиот филм „The Ides of March“ во Торонто, Клуни за првпат се појави заедно со Стејси Киблер.
Кога новинар на списанието People ја запрашал 31-годишната русокоса што најмногу ѝ се допаѓа кај Клуни, таа без да се замисли одговорила: „Сè!“.
50-годишниот актер и Стејси, која е поранешна борачка, не пристигнале на настанот заедно, но подоцна истата вечер биле видени рака за рака како се забавуваат.