Џорџ и Амал Клуни влегоа во улога на домаќини на хуманитарна забава во Италија.
Познатиот пар организираше свеченост со цел собирање на парични средства за ублажување на хуманитарната криза во африканскиот регион Дарфур.
55-годишниот актер беше фотографиран во син костум додека се забавуваше со своите гости. Неговата 38-годишна сопруга носеше фустан со реси од брендот William Vintage.














Џорџ и Амал веќе извесно време живеат во Италија, во луксузна куќа покрај Езерото Комо.