Џиџи Хадид и Зејн Малик синоќа за првпат зачекорија на црвениот тепих како пар по официјализирањето на врската. 20-годишниот модел и 23-годишниот пејач пристигнаа заедно на балот МЕТ во музејот „Метрополитен“ во Њујорк облечени во складни металик креации.

Хадид позираше пред фоторепортерите во фустан од Томи Хилфигер, додека нејзиниот сакан носеше елегантен црн костум од Версаче, кој го надополни со метални оклопи на рацете украсени со Сваровски кристали.












Темата на гала вечерта беше „Manus x Machina: Fashion in an Age of Technology“, па разбирливо е зошто славниот пар избра металик креации.