Џесика Алба традиционално го прославува доаѓањето на новата година со егзотично патување во Мексико. Како и многу други холивудски ѕвезди, 33-годишната актерка ги помина првите денови од 2015 година на плажа.
Заедно со сопругот Кеш Ворен и двете ќерки, Алба се релаксираше во Кабо Сан Лукас.
Ѕвездата од „Sin City“ недискутабилно изгледа фантастично, а нејзината фигура е резултат на напорни и редовни тренинзи, како и на здрава исхрана. „Се чувствувам многу подобро на 33 години отколку што се чувствував на 22 години“ – изјави неодамна Алба и призна дека ѝ било потребно долго време пред да се здобие со голема самодоверба.