Исто како и многу холивудски ѕвезди, Џесика Алба избра да ги помине првите денови од новата година на плажа. 31-годишната актерка била фотографирана во портокалови бикини во Кабо Сан Лукас, Мексико.
Џесика се одмарала заедно со двете ќеркички, Хонор и Хевен, и свои пријатели.
Убавата филмска ѕвезда и нејзиниот сопруг Кеш Ворен го прославиле доаѓањето на Новата Година во Мексико, исто како и минатата година.
По кратко отсуство, Џесика оваа година се враќа на филмската сцена со филмовите „Machete Kills“ и „Sin City: A Dame to Kill For“.