Џесика Алба го краси новото издание на списанието „Redbook“. На корицата на списанието привлечната актерка носи розов фустан од Аманда Апричард.
Во интервјуто за списанието, 32-годишната филмска ѕвезда признала дека ги смета за малку чудни родителите кои не ги бакнуваат своите деца на уста. Откако ѝ било кажано дека некои родители ги избегнуваат таквите бакнежи, таа одговорила: „Навистина? Зошто? Тоа е твое бебе. Луѓето им дозволуваат на кучињата да ги лижат на усните.“
Алба споделила дека е зависна од Instagram, а и дека нејзиниот сопруг е опседнат со спорт.
Денес беше објавено дека Алба е новото заштитно лице на Braun.
До пред неколку дена познатата актерка беше на мини модна турнеја низ Париз, гостувајќи на ревиите на H&M, Kenzo, Диор и Нина Ричи.