Џесика Алба беше една од многуте ѕвезди кои присуствуваа на хуманитарниот настан „Hollywood Stands Up to Cancer“, одржан во Лос Анџелес.
На добротворниот настан 32-годишната актерка се појави во бел фустан Ралф Лорен кој го надополни со црни сандали Џими Чу. Алба за првпат ја покажа и новата пократка фризура.
Џесика ја придружуваше нејзиниот сопруг Кеш Ворен.
Само неколку дена претходно Алба беше фотографирана додека се упатуваше кон салон за тетовирање, каде си стави дополнителна обетка на увото.