Џесика Алба изгледаше отмено и елегантно на галата на Baby2Baby, организација чија цел е да им обезбеди на сиромашните семејства основни нешта како производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.
За свечената гала Алба избра балски фустан во циклама боја од Рим Акра.
32-годишната актерка позираше на зелениот тепих со својот сопруг Кеш Ворен.
Алба подолго време соработува со Baby2Baby. Нејзината компанија „Honest Company“ редовно донира дел од приходите за потпомагање на активностите на Baby2Baby. „Како мајка, не можам да си замислам колку им е тешко на родителите кои не можат да ги обезбедат основните нешта за своите бебиња. Ниту едно дете, независно од социјалниот и економскиот статус на неговото семејство, не треба да остане без пелени, храна, облека или производи за хигиена. Нашата цел е да им го олесниме товарот на овие семејства со тоа што ќе им го обезбедиме најпотребното“ – вели Алба.
Главна гостинка на вечерта беше Дру Баримор, која неодамна потврди дека е бремена со своето второ дете.