Се појавија фотографиите од новата кампања на Версаче за сезоната пролет/лето 2011.
Природно убавата Џенуари Џонс позираше целосно гола, само со стратешки поставена чанта и обувки. На дел од фотографиите е прикажано само лицето на актерката и очила за сонце од Версаче.

Ретро фотографиите за луксузниот бренд беа направени од познатиот фотограф Марио Тестино.
Пријателството на 32-годишната актерка од серијата „Mad Men“ и Донатела Версаче започнало откако се запознале на снимањето на едиторијал за списанието Elle.
„Во Џенуари чувствувам дека ја пронајдов идеалната Версаче жена за 21-виот век... Таа е шик и елегантна, но исто така и длабоко сензуална“ – изјавила 55-годишната италијанска дизајнерка.