Џенифер Лоренс сјае во втората бременост.
34-годишната актерка, која го очекува второто дете со сопругот Кук Маруни, го прегрнуваше своето трудничко стомаче на премиерата на документарниот филм „Bread & Roses“. Во Музејот „Hammer“ во Лос Анџелес, русокосата оскаровка носеше црна долга креација. Таа е копродуцентка на документарецот.
Лоренс позираше со својата колешка-продуцентка Џастин Сиароки, со Малала Јусафзаи и режисерката Сахра Мани.
„Bread & Roses“ е за животот на жените во Авганистан.
Погледнете го трејлерот: