Синоќа се одржа премиерното прикажување на филмот „Passengers“ во Лос Анџелес.
На црниот тепих, Џенифер Лоренс зачекори во бело издание и ги привлече погледите на присутните. Долгата креација со тул на 26-годишната актерка доаѓа од модната куќа Диор, нејзините обувки го носат потписот на Кристијан Лобутин, а накитот е од Beladora и Repossi.











Покрај Лоренс, во филмот „Passengers“ улогите ги толкуваат и Крис Прат, Мајкл Шин, Лоренс Фишбурн и Енди Гарсија.
На премиерата, Крис пристигна со својата сопруга Ана Фарис, која избра креација од колекцијата есен/зима 2016 на Рим Акра.

