Џенифер Лопез е дама од 70-тите на аудициите за новата сезона на „American Idol“ во Атланта.
46-годишната пејачка шармираше во разнобојна комбинација од колекцијата ресорт 2016 на дизајнерката Дајен фон Фирстенберг.


„Кога ќе ги видам Хари Коник и Кит Урбан, кога ќе ги видам сите, тоа едноставно е забавно. Навистина сум благословена, си со сакам животот и понекогаш се уморувам, но се обидувам да се грижам добро за себе“ – изјавила Лопез во интервју за Рајан Сикрест.

Лопез веќе долго време е членка на жирито на популарното музичко шоу, за кое неодамна беше објавено дека оваа сезона ќе биде последна.