Џенифер Лопез неспорно е голема обожавателка на Зухаир Мурад и честопати на холивудски свечености блеска во негови креации.
44-годишната ѕвезда избра бела креација од либанскиот дизајнер и за нејзиното појавување на црниот тепих на настан организиран од телевизијата NUVO, одржан пред два дена во Њујорк.
Привлечната актерка и пејачка носеше бели панталони и проѕирна свилена блуза од колекцијата ресорт 2014.
Истиот ден, Џеј Ло беше фотографирана додека се упатуваше на ручек заедно со мајка си Гвадалупе за да го прослават Денот на мајката.