Џенифер Лопез со елегантен стил мамеше погледи на аудицијата на „American Idol“ во Литл Рок, Арканзас.
Облечена во тробоен фустан со богата текстура од Алекс Пери, 46-годишната ѕвезда ја истакна својата привлечна фигура. Модниот избор таа го надополни со бели чевли од Кристијан Лобутин и огледални очила за сонце од брендот Sama.




Денес беше објавено дека Лопез ја доби насловната страница на септемвриското издание на списанието „Paper“ заедно со дизајнерот Оливие Рустан.
